Јанта Волеј загуби од француски Ле Кане во Лигата на шампионите, Работнички поразен во Естонија во ЦЕВ Купот

Одбојкарките на Јанта Волеј загубија со 1-3 (15-25, 10-25, 25-20 и 9-25) од француски Ле Кане во првиот меч од финалниот бараж за влез во групната фаза од Лигата на шампионите на ЦЕВ.

Јанта Волеј имаше тешка задача против француска екипа која беше доминантна во поголемиот дел од мечот за заслужена победа, и покрај одличната борба на македонските одбојкарки.

Мери Бошковска со 17 поени беше најрасположена во македонскиот тим.

Македонскиот претставник во ЦЕВ Челинџ купот, ОК Работнички, пак, со 0-3 (15-25, 24-26, 18-25) загуби во првиот натпревар од естонски Раеск Виастон.

Одбојкарките на Работнички имаа можност да го освојат вториот сет, беа сосема блиску до тоа и да внесат неизвесност во мечот, но не успеаја во тоа.

Најефикасна кај Работнички беше Тамара Стојанова со 16 поени, Трифуновска и Василевска имаа по пет поени, а Андротеа Милевска запиша четири поени.

Реваншот се игра утре, исто така на теренот на противникот во Естонија.

Се вчитува...