Јапонец во одбраната на Динамо Загреб

Динамо Загреб договори нов трансфер за вториот дел од сезоната откако хрватскиот шампион постигна договор за ангажман на Такува Огивара, младинскиот репрезентативец на Јапонија кој кариерата ќе ја продолжи на „Максимир“.

Позицијата лев бек беше главен проблем на „модрите“ во досегашниот дел од сезоната, поради што приоритет на управата беше ангажман нов играч за овој дел од тимот. Прва опција беше Полјаков Вдовика, но откако се искомпликуваа преговорите со Јагелонија, експресно беше насочено вниманието кон Огивара, кој доаѓа од тимот на Урава.

Според договорот меѓу двата клуба, Динамо ќе плати 200.000 евра за позајмица до крајот на сезоната, а хрватскиот шампион ќе има опција целосно да го откупи договорот следното лето за дополнителни 500.000 евра.

Огивара беше стандарден првотимец во Урава, настапувајќи на 41 меч во сите натпреварувања ланската сезона, притоа постигнувајќи еден гол и три асистенции.

Се вчитува...