Јапонецот Јасухира од Вардар ќе игра за Ал Кадсија

Косуке Јасухира, јапонскиот интернационалец кој настапува во Вардар, потпиша договор со Ал Кадсија од Кувајт. Договорот на двете страни е краткорочен.

После неколку натпревари тој би требало да се врати во редовите на „црвено-црните“. Јасухира го пропушти дерби дуелот против Еурофарм Пелистер, а нема да биде во комбинација и на следните неколку натпревари.

Вардар на 08.11 игра против Бутел, а три дена подоцна гостува на Пролет. На 18.11 го чека Прилеп, додека седум дена подоцна има гостување во Неготино на Вардар. После тоа веројатно веќе ќе може да смета на Јапонецот кој е во Вардар како позајмен од Висла Плоцк.

Се вчитува...