Јапонската култура на дело: Поради страв од Ковид-19 нема да го носи олимпискиот пламен

Една од најдобрите јапонски фудбалерки, Нахоми Кавасуми нема да учествува во церемонијата на предавање на олимпискиот пламен пред Олимписките игри во Токио поради загриженост во врска со пандемијата на коронавирус.

Кавасуми настапува во САД за Скај Блу, а како што вели самата не сака да се зарази со вирусот при патувањето од Северна Америка во својата родна држвата, а при таа прилика да зарази и некој друг со кој ќе биде во контакт.

„Ја донесов оваа одлука бидејќи живеам во САД, а овде тој проблем сеуште не е разрешен“ – кратко изјави Јапонката.

За разлика од неа, останатите членови на шампионската репрезентација над Јапонија, кои во 2011 година го освоија Светското првенство ќе учествуваат на церемонијата.

Се вчитува...