Јапонците го „шутнаа“ Халилхоџиќ пред СП во Русија

Раководството на Јапонската Фудбалска Асоцијација (ЈФА) утрово ја потврди својата одлука да му врачи отказ на Вахид Халилхоџиќ од селекторската функција, на само два месеци пред почетокот на СП 2018 во Русија.

Како што е наведено, причина се слабите резултати на пријателските натпревари откако на последните два меча Јапонците ремизираа со Мали (1-1) и загубија од Украина (1-2). Неофицијално, причините се сосема поинакви, откако во последните месеци дошло до недоразбирања меѓу искусниот стратег и челниците на федерацијата, по што разделбата станала неизбежна.

За се да биде уште побизарно за Халилхоџиќ, на екс-ју стратегот истото му се случи и во 2010 година, кога ја одведе селекцијата на Брегот на Слоновата Коска на СП во Јужна Африка, но доби отказ неколку месеци пред почетокот на мундијалот.

Се вчитува...