„Јас на празен стадион, а во тоалетот Буфон и Пирло пушат цигари“

Николас Бентнер е човек со „дебело“ резиме доколку се погледнат клубовите за кои има настапено, меѓу кои е и Јувентус. Данецот сезоната 2012/13 ја мина на позајмица во клубот од Торино, одигра и 9 натпревари за „црно-белите“, не се израдува на постигнат гол, но зад себе има интересна приказна.

„Немаше никого во соблекувална од соиграчите, а тоа ми беше прв ден во Јувентус. Наидов на група од 10, 12 фудбалери кои во тоалетот пијат кафе, разговараат и пушат цигари. Веднаш знаев дека ќе уживам во тоа“ – изјави Бендтнер кој издвои двоец од групата – Џиџи Буфон и Анреа Пирло.

„Што можете да кажете за Пирло и Буфон? Погледнете какви професионалци се и каква кариера направија, затоа и некој не направи голема фама за тоа дека пушат. Се сеќавате ли како медиумите го „растргнаа“ Балотели за пушење во Англија? Во секој клуб има пушачи, тоа е нормално во Италија, но не и во Англија“ – додаде Данецот.

Бентнер е познат по својот раскошен начин на живот, а почесто се наоѓаше на насловните страни поради приватните лудувања, отколку за добрите фудбалски партии.

Се вчитува...