Јасикевичиус: Не личевме на себе, најслаб меч сезонава

Шарунас Јасикевичиус со право беше разочаран откако неговиот тим Фенербахче претрпе убедлив пораз од Олимпијакос во првото полуфинале од фајналфор турнирот што се одржува во Атина.

Фенер лани стигна до тронот на Европа, но вечерва турскиот тим беше целосно надигран од големиот ривал, па на литванскиот стратег не му преостана ништо друго освен да му честита на поквалитетниот противник.

„Честитки за Барцокас и за Олимпијакос, јасно е дека тие беа многу подобар тим денеска. Ова ни е најслабата средба сезонава, не личевме на себе… искрено беше болно да гледаме како се мачиме, бројките на почетокот на секоја четвртина беа брутални. Се знае колку е важно да го зададеш првиот удар на вакви натпревари, а нам ни се случи токму спротивното“, истакна Јасикевичиус.

Се вчитува...