Јасир Асани со хет-трик и едно ремек-дело од 30 метри во победата на Гвангжу над Инчон (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Јасир Асани запиша хет-трик во победата на Гвангжу од 5-0 против Инчон во 4. коло од најсилната лига на Јужна Кореја.

Асани уште во 9. минута погоди со убав шут за водство од 1-0 на својот тим, а потоа стрелаше и во 69. минута за 4-0 и во 72. минута постигнувајќи евро-гол директно од слободен удар од 30 метри за конечни 5-0.

Со овие три гола, Асани веќе има четири погодоци на стартот од шампионатот во Јужна Кореја.

  • Погодокот на Асани директно од слободен удар од 30 метри може да го погледнете на временскиот исечок 1:53…

Асани, пред неколку години се одлучи да прифати повик на Албанија и да го смени спортскиот пасош на ФИФА со ветувања дека ќе игра за албанската селекција. Но, откако не се реализираа тие најави, а Асани воопшто не се најде на списокот на сениорската селекција на официјални натпревари, сега повторно се потенцира можноста дека би сакал повторно да го облече македонскиот репрезентативен дрес.

Се вчитува...