„Јастребите“ го прелетаа Лос Анџелес, кој ќе го запре Голден Стејт

Атланта хоукс забележа неочекуваната победа на гостински терен против ЛА клиперс од 118-123, земајќи го скалпот на еден од најдобрите тимови во западната конференција. Пресудна беше третата четвртина во која во игра за Атланта влезе 42-годишниот Винс Картер и со неколку погодени шутеви ја преводеше серијата од 17-4. Предноста од 13 поени на крајот од третиот период беше умешно задржана од страна на гостите, кои заслужено се радуваа на победата.

Јанг со 26 и Харис со 22 поени беа најефикасни во редовите на Атланта, додека најдобар стрелец на ЛА клиперс при овој пораз беше Харис со 30 поени.

Голден Стејт делува незапирливо во моментов, откако актуелните шампиони лесно ја совладаа Индијана со 100-132, стигнувајќи до 11. победа во низа. Удобната предност овозможи и тренерот Кер да одмори дел од најдобрите играчи, па Кари постигна 26 поени за 26 минути игра, а Казинс го заврши мечот со 22 постигнати поени.

Резултати НБА:

Шарлот – Њујорк 101-92, Индијана – Голден Стејт 100-132, Бостон – Бруклин 112-104, Мемфис – Денвер 92-95, ЛА клиперс – Атланта 118-123.

Се вчитува...