Јавноста во ЛА во неверување: Избришан муралот на Коби, напишано „Остани дома“ (ФОТО)

Написот „Остани дома“, за првпат се чини налути многумина. Иако факт е дека борбата со коронавирусот е во прв план, многумина останаа разочарани што во Лос Анѓелес беше избришан муралот во чест на трагично загинатите Коби Брајант и неговата ќерка Џана. Прекрасниот мурал сега е заменет со написот „Остани дома- животот е убав“.

Многумина ја поделија фотографијата на социјалните мрежи, искажувајќи револт…

„Никој не е против повиците да се остане дома, но зарем мораше на ова место? Тоа е ужас… Зарем мораше да се избрише тој прекрасен мурал? Кој го направи тоа?“ – се дел од пораките на социјалните мрежи.

Сепак, се појавија и оние кои знаат нешто повеќе на темата. Па така некои се обидоа да објаснат дека муралот за Коби, како и за многу други личности претходно, бил наменет да биде тамо само привремено. Наводно, самиот автор на муралот на Коби го направил и овој новиот, кој во секој случај не и се допаѓа на јавноста.

Се вчитува...