Јелена Антиќ останува во мак-баскетот: Во новата сезона ќе носи „црвено-црно“

Една од најдобрите кошаркарки во историјата на мак-баскетот, Јелена Антиќ во новата сезона повторно ќе биде дел од прволигашката сцена каде ќе го носи дресот на Вардар, потврди скопскиот клуб.

Искусната 31-годишничка во главниот град се враќа по сезона помината во Баскет Кам со кој го освои трофејот во Купот на Македонија и стигна до финалето од разигрувањето за титула.

Интересно, Антиќ ова лето беше на чело на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, а е и дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација како помошен тренер на сегашниот тренер на Вардар, Александар Ашаданов.

Се вчитува...