Поранешниот тренер на Шкендија, Јетон Беќири е именуван за нов тренер на азербејџанскиот суперлигаш Габала.
Беќири потпиша договор со Габала на една година, со можност за продолжување на истиот за уште две години.
44-годишниот тренер до неодамна ја водеше Шкендија во најголемиот успех во нејзината историја, до 1/16-финалето во Конференциската лига на УЕФА. Во минатото работеше како главен тренер и на Дрита, Гостивар, Ренова, Струга, но и Билис Балш во Албанија, а беше и спортски директор на Ал Џабалаин во Саудиска Арабија.
Јетон Беќири беше шампион на Македонија со Шкендија во сезоната 2024/25.
Почнува со работа во Габала од 20 септември, а прв помошник ќе му биде Бурхан Емрулаи, актуелниот тренер на второлигашот Камјане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
