Финалето од Купот на Македонија вечерва на арената „Тодор Проески“ против Силекс ќе биде последен за Јетон Беќири на клупата на тетовска Шкендија, дознава ЕКИПА.
Без разлика на исходот од вечерашната пресметка во финалето од Купот, сосема е јасно дека Шкендија ќе се раздели со Јетон Беќири, по една од најуспешните сезони на тимот со настапот во групната фаза во Европа, и пласманот во 1/16-финале од Конфернциската лига на УЕФА.
Но, од Шкендија за следната сезона планираат нов почеток, со нов далеку поамбициозен проект кој треба да го врати тимот, повторно како најголем ривал на Вардар, за освојување на шампионската титула и нејзино враќање во витрините во Тетово, но пред се и фокус на европските настапи како начин за нова успешна меѓународна промоција на клубот.
Според нашите информации, од клубот планираат доведување и на неколку квалитетни засилувања за играчкиот кадар кои треба да донесат максимална конкурентност за европската сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
