Соработката меѓу Струга ТЛ и Стефан Јевтоски што траеше две години и официјално заврши летово откако самиот фудбалер реши да не ја прифати понудата за нов договор и наместо тоа се реши за нов интернационален предизвик.
Индонезија ќе биде следната дестинација во кариерата на Јевтоски откако тој се договори со тимот на ПСМ Макасар да го облече дресот на оваа екипа.
Јевтоски ги бранеше боите на Струга ТЛ од почетокот на сезоната 2024/25, дебитираше за екс-шампионот на 11 август 2024 против Тиквеш, по што одигра вкупно 53 натпревари за овој клуб, притоа постигнувајќи шест гола и 7 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
