Јилмаз спречи сензација, му донесе бод на Лил на отворањето на сезоната

Лил ќе има тешка задача да ја одбрани титулата во француското првенство сензационално освоена минатата сезона, откако веќе во првото коло актуелните прваци едвај се спасија од пораз, ремизирајќи 3-3 на гостувањето против Мец.

Фудбалерите на Мец имаа предност од 3-1 се до 81. минута, кога Иконе го постигна вториот гол за Лил. Домаќините веќе почнаа да ја прославуваат победата во 96. минута, кога буквално во последните секунди од мечот искусниот Бурак Јилмаз одлично се снајде и во манир на голем стрелец погоди за 3-3.

Се вчитува...