Јоаким Лев: Фудбалот без офсајд ќе личи на ракомет

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, е еден од оние кои го критикуваа предлогот на Ван Бастен за укинување на офсајдот. Германскиот стратег има и некои свои предлози кои ќе го направат фудбалот поинтересен доколку се применат.

„Право на четврта измена би било добра работа. Или, ако некој направи тактички прекршок, наместо да добие жолт картон, би било подобро да биде казнет со десет минути надвор од терен. На таков начин, оштетената екипа би добила предност.

Но, Лев е одлучно против укинувањето на офсајдот и за тоа го има следново објаснување:

За мене фудбалот без офсајд не би имал смисол. Тогаш, јас како тренер секогаш би држел двајца играчи во казнениот простор, а верувам  дека и другите тренери би го правеле истото. Фудбалот тогаш би се претворил во ракомет. Со укинувањето на офсајдот потполно би се сменил спортот што го имаме денес. Повеќе не би бил интересен, тоа ќе биде само висока тактичка игра“ – вели Јоаким Лев.

Се вчитува...