Јоаким Лев хоспитализиран, неизвесен за клупата на Германија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, е хоспитализиран поради проблеми со срцето и крвотокот. Неизвесно е дали ќе може да ги предводи „панцирите“ на претстојните два квалфикациски меча против Белорусија и против Естонија.

„Се чувствувам добро, но лекарите ми препорачаа неколкудневно мирување. Во постојан контакт сум со членовите на стручниот штаб“, изјави Јоаким Лев.

Доколку тој не биде во можност, Германија на овие два меча ќе ја предводат првиот асистент Маркус Сорг и тренерот на голманите, Андреас Кепке.

Се вчитува...