Јоаким Лев – селектор на Германија до 2022 година

Јоаким Лев ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов договор како селектор на германската репрезентација, со важност до 2022 година. Овој стратег пред четири години ја предводеше Германија до триумф на мундијалот пто се одржа во Бразил, а челниците на федерацијата решија да го наградат со нов договор на еден месец пред почетокот на СП во Русија, за намалување на притисокот врз него во пресрет на одбраната на тронот.

Интерес за услугите на Лев во изминатиот период покажаа бројни клубови како Реал Мадрид, Баерн Минхен и Арсенал, но Германците со овој договор се осигураа дека тој ќе остане до СП 2022 што ќе се одржи во Катар.

Јоаким Лев денеска по потпишувањето на договор на прес-конференција го објави поширокиот список на играч пред мундијалот во Русија, на кој се најде Марко Ројс, како и ветеранот Марио Гомез, но немаше место со Шкодран Мустафи, Емре Џан, Марио Геце, Ларс Штиндл и Сандро Вагнер.

 

 

Се вчитува...