Денвер беше демолиран од страна на Оклахома во „мајсторката“ на полуфиналната серија на Западната конференција. Тандер одиграа фантастичен натпревар во кој одново најдоа решение за Никола Јокиќ преку агресивната одбрана, а таа донесе и лесни поени од транзиција.
По натпреварот за медиумите говореше Никола Јокиќ.
„Овој натпревар беше сличен на вториот. Губевме топки, не погодивме доволно обиди, беа агреисвни во транзиција, ни враќаа за секој кош, погодуваа обиди… Знаете двајца исти судии судеа како на вториот натпревар, така да. Оттаму и многу сличности со тој натпревар“, изјави Јокиќ.
Србинот беше запршан дали смета дека доколку неговите соиграчи немаа проблеми со повреди овој тим на Денвер можеше да ја освои титулата.
„Мислам.. Не ја освоивме така да очигледно не можевме. Да можевме, тоа и ќе го направевме. Не верувам во тие „што би било кога би било приказни“. Имавме шанса и не победивме“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА