Јокиќ доминираше, Денвер врати еден „брејк“ по двете претходни „шлаканици“ од Минесота (ВИДЕО)

Денвер триумфираше на гостувањето против Минесота со 90-117 и намали на 2-1 во серијата од полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата.

По двете „шлаканици“ кои ги доби на домашен терен, Денвер се врати повторно во игра успевајќи да анулира еден „брејк“, благодарение повторно на Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 24 поени, 14 скока, девет асистенции, три украдени топки и три блокади.

Одличен беше и Мареј со 24 поени и пет асистенции, Портер постигна 21 поен а Гордон заврши со 13 поени.

Во поразениот тим Едвардс постигна 19 поени, Таунс заврши со 14 постигнати поени.

Клучна беше третата четвртина која им припадна на Ерон Гордон и Никола Јокиќ. Гордон погоди три важни тројки во првиот дел од овој период, а Јокиќ постигна 13 поени во вториот дел од третата четвртина која Нагетси ја добја со 37-25.

Следниот натпревар се игра во ноќта меѓу недела и понеделник од 02 часот по полноќ.

Се вчитува...