Јокиќ го предводеше Денвер до триумф во дербито со Оклахома(ВИДЕО)

Денвер се зацврсти на втората позиција во Западната конференција откако го доби дербито со третопласираниот тим Оклахома со 121-112. Денвер сега е на биланс 42/18 што е четири победи повеќе од Оклахома која остана на 38 триумфи и 22 неуспеси. За Денвер ова беше петта последовна победа.

Никола Јокиќ повторно беше лидер на Денвер, постигна 36 поени, имаше и 9 скока и 10 асистенции. Бартон постигна 23 поени, Мари 20, а Милсап 12 со 10 скока.

Пол Џорџ со 25 поени беше прв стрелец кај Оклахома, Расел Вестбрук имаше 22 пени, а Џереми Грант 21.

Во дербито на Исток беше многу поизвесно. Вториот најдобар тим во лигата, Торонто го потопи Бостон со 118-95.

Паскал Сјакам беше најефикасен кај „репторс“ со 25 поени, Каваи Ленард постигна 21, а Серж Ибака 14. Кај Бостон, Маркус Морис беше прв стрелец со 17 поени, потфрли Кајри Ирвинг кој забележа само 7 поени.

За Торонто ова беше деветта победа на последните десет натпревари, има вкупен биланс од 45/17 за вторто место на Исток зад Милвоки (46/14). Бостон е во серија од три последовни порази и со вкупен ефект од 37/24 е на петтото место во конференцијата.

Најслабиот тим на Исток, и втор најнеуспешен во Лигата, Њујорк врза две последовни победи откако славеше во дуелот со Орландо со 108-103. ЗА Њујорк ова е само 13 победа сезонава, послаб е само Феникс кој има еден успех помалку. Орландо пак доживеа непријатен пораз во трката за место во плеј-офот. Има 28 победи и 34 порази и е на деветтото место, веднаш под линијата која носи разигрување.

 

 

Се вчитува...