Јокиќ го водеше Денвер до победа над Бруклин, новиот трипл-дабл на Дончиќ недоволен за Далас (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Денвер Нагетс предводени од Никола Јокиќ славеа против Бруклин Нетс со 101-93 во дербито на вечерта. Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени и 10 скока, на кои додаде и три асистенции. Кај поразените Кајри Ирвинг и Џерет Ален постигнаа по 17 поени.

Далас Маверикс загуби на гостувањето кај Њујорк Никс со 103-106. За Маверикс не беше доволен ниту неверојатниот Лука Дончиќ кој стигна до нов трип-дабл сезонава, завршувајќи го мечот со 33 поени, десет скока и 11 асистенции. Кај Никс Маркус Морис мечот го заврши со 20 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Мајами го совлада Кливленд на гости со 97-108, Милвоки предводен од неверојатниот Адетокумбо беше подобар од Чикаго 124-115, Њу Орлеанс го изненад ЛА Клиперс 132-127 и Феникс беше подобар од Атланта 128-112.

Се вчитува...