Јокиќ и Богдановиќ донесоа трилер победи за Денвер и за Јута (ВИДЕО)

Никола Јокиќ беше херој на Денвер во драматичната победа над Филаделфија откако буквално во последната секунда погоди за победа од 100-97. Денвер губеше и со 20 поени разлика, но успеа да ја достигне негативата и благодарение на српскиот центар и да дојде до шестиот сезонски тирумф.

Јокиќ средбата ја заврши со 26 поени и беше прв стрелец кај Денвер, кај Филаделфија, Џоел Ембид со дабл-дабил ефект од 19 поени и 15 скока беше најдобар на листата стрелци.

 

Богдан Богдановиќ имаше фантастична вечер, на една седунда пред крајот на средбата со Милвоки погоди тројка од аголот и донесе победа од 103-100. Хрватскиот кошаркар имаше повеќе поени од Јанис Адетокумпо, постигна вкупно 33 додека првата ѕвезда на Милвоки затана на бројката 30.

 

 

Лука Дончиќ беше речиси перфектен кај Далас со 38 поени, 14 скока и 10 асистенции,  но неговиот тим загуби со 106-102 од Њујорк. Затоа пак нова, седма последовна пбоеда забележаа Лос Анџелес Лејкерс, славеа на домашен терен над Мајами со 90-85 и останаа на врвот од Западната конференција. Ентони Дејвис постигна 26 поени, а Леброн Џејмс средбата ја заврши со 25.

Паскал Сиакам имаше неверојатна вечер во дрешот на шампионот Торонто. Во победата од 122-104 над Њу Ореланс, Сиакам уфрли 44 поени, а имаше и 10 скока. Неверојатно поентерско постигнувања имаше и Демиан Лилард кој во поразот на Портланд од Бруклин од 119-115 постигна огромни 60 поени, додека пак ДиАнџело Расел уфрли 52 поени за Голден Стејт кој загуби по продолженија од Минесота со 125-119.

 

 

Се вчитува...