Јокиќ и Денвер подобри од шампионот, најдоброто од Зајон уште е недоволно за Леброн (ВИДЕО)

Со трипл-дабл, 33-ти во кариерата со плус 30 поени (34-12-13) што го прави само третиот во историјата по Расел Вестбрук и Оскар Робертсон со вакво постигнување, Леброн Џејмс ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумф над Њу Ореланс од 114-122. Благодарение на последната четвртина која ја добија со 19-29, „лејкерс“ ја забележаа 46-та сезонска победа. Имаат и 13 порази и се сигурни на врвот на табелата во Западната конференција.

Дебитантон Зајон Вилијамсон имаше рекордни во кариерата 35 поени, беше лидер на тимот, но тоа не беше доволно за успех над Леброн и неговите шампионски амбиции сезонава. Зајон е во одлична серија од 11 последовни натпревари со плус 20 поени. Неговиот Њу Ореланс има биланс од 26-34 и со пласманот е на граница, веднаш под линијата која носи пласман во плеј-офот.

Никола Јокиќ со 12-от трипл-дабл сезонава, 23 поени, 18 скока и 11 асистенции беше клучната алка во победата на Денвер на шампионот Торонто од 133-118. Денвер беше нешто поуспешен во воведната четвртина, следните две беа релативно израмнети, а „нагетс“ беа најуверливи од завршниот сегмент кој им припадна со 33-22. Денвер дојде до биланс од 41-19, идентичен во моментов со Лос Анџелес Клиперс на вторто и на третото место на Запад. Џамал Мареј со 22 поени беше втор стрелец кај Денвер, додека кај Торното, прв на листата стрелци беше Џи Ануноби со 32 поени .

 

 

Се вчитува...