Јокиќ и Денвер пресилни за Далас без Дончиќ, Оклахома-Јута 148-147 (ВИДЕО)

Денвер ја забележа победата број 40 сезонава триумфирајќи над Далас со 114-104. Никола Јокиќ повторно го предводеше тимот до успехот, беше на чекор од трипл-дабл. постигна 19 поени, имаше 13 скока и осум асистенции. Пол Мислап уфрли 17, а Мејсон Пламли 12 поени.

Кај Далас, Лука Дончиќ не беше во составот поради повредан на зголобот, па Џејлен Брансон беше прв стрелец со 22 поени. За Далас ова беше трет последовен пораз, има вкупен билнас 26/32 што е доволно само за 12. место на Запад каде Денвер е второпласиран.

Суператркативен и суиперефикасен натпревар одиграа Оклахома и Јута. Дури по две прдолженија, Оклахома ја доби пресметката со неверејатни 148-147. Пол Џорџ беше клучен играч за „Тандер“, постигна 45 поени, имаше девет скока  и сеудм асистенции. Расел Вестбрук исто така постигна 45 поени, имаше и 15 скока и осум асистенции. Кај Јута, Донован Мичел постигна 38 поени. За Оклахома овабеше 38 сезонска победа,има и 20 порази и е на третото место на Запад. Јута е две позиции подолу со биланс од 32/26.

Каваи Ленард и Демар Де Розан се сретнаа во пресметката на нивните поранешни клубови. Де Розан со Сан Антонио се врати во Торонто, но беше поразен со 120-117 во неизвесен натпревар во кој Ленард како и многупати сезонава го предводеше кандскиот состав до триумф. Постигна 25 поени, Де Розан средбата ја заврши со два поени помалку. Торонто е второпласиран на Исток и втор најдобар тим во лигата во моментов, веднаш зад Милвоки со ефект од 44/16, додека Сан Антонио е на седмата позиција на Запад (33/27).

Лос Анџелес Клиперс се зацврстија на осмата позиција во Запдната конференција, го остварија 33. триумф победувајќи во пресметката со Мемфис со 112-10. Клиперс сега имаат ефект од 33/27, што е три победи повеќе и два пораза помалку од најблискиот конкурент во трката за плеј-оф, Сакраменто. Лејкерс пак заостнуваат дури четири победи.

 

Се вчитува...