Јокиќ и Денвер шокирани од Голден Стејт (ВИДЕО)

Денвер ја загуби втората позиција на табелата во западната конференција откако претрпе неочекуван пораз од најслабиот тим во Лигата, Голден Стејт, а директниот ривал, Лос Анџелес Клиперс славеше во пресметката со Оклахома.  Лидерот на Запад, Лос Анџелес Лејкерс ја продолжи победничката серија, а триумфи забележаа и Торонто, Сан Антонио во дебито на клупата на Тим Данкан, потоа и Сакраменто и Бруклин по најнеизвесниот натпревар, по продолжение над Бостон.

Голден Стејт ја забележа само 14-та сезонска победа триумфирајќи со 100-116 на гостувањето кај Денвер. „Вориорс“ беа подобар противник во три четвртини, а особено беа убедливи во завршниот сегмент кој им припадна со 19-34. Ендрју Вигинс и Ерик Паскал со по 22 поени го предводеа Голден Стејт. Вил Бартон и Пол Милсап остигнаа по 18 поени кај Денвер, Никола Јокиќ имаше дабл-дабл ефект од 16 поени и 13 скока.

Со биланс 41-20. Денвер е третопасиран на Запад, додека Голден Стејт останува длабоко на дното на конференцијата со ефект од 14-48.

Лос Анџелес Клиперс триумфираа со 94-109 на гостувањето кај Оклахома. Каваи Ленард беше лидер со 25 поени. Лос Анџелес Лејкерс благодарение најмногу на втората четвртина која им припадна со 37-19 го обезбедија триумфот над Филаделфија од 120-107. Сакараменто забележа домашна победа над Вашингтон од 133-126, Сан Антонио минимално со 103-104 славеше на гостувањето кај Шарлот.

Шампионот и второпласиран на Исток, Торонто, победи на гостувањето кај Феникс со 114-123. „Репторс“ за победата направија пресврт во вторто полувреме, а ги предводеа Паскал Сиакам со 33 и Кајл Лаури со 28 поени. Торонто има биланс 43-18. Третопасиран во Источната конференција останува Бостон кој загуби во драматичната пресметка со Бруклин со 120-129 по пет минути дополнително време. Карис Леверт беше прво лице на натпреварот, постигна највисоки во кариерата 51 поени и го предводеше Бруклин до победата. Кај Бостон, Џејлен Браун имаше 22 поени, а Кемба Вокер 21.

 

Се вчитува...