НБА-лигата денеска ја објави идеалната петорка за сезоната 2025/26 во која се најдоа најголемите ѕвезди на најсилната лига во светот.
Актуелниот МВП, Шеј Гилџус – Александер е предводник на првата петорка во која има место и за двајцата најдобри центри во лигата, Никола Јокиќ од Денвер и Виктор Вембињама од Сан Антонио. Од нив, Јокиќ и Гилџус Александер имаат добиено по максимални 500 гласови, додека Вемби собра 498 гласа.
Лука Дончиќ исто така е дел од ова одбрано друштво со 482 гласа, заедно со Кејд Канингем, ѕвездата на Детроит што доби 414 гласа.
Во втората петорка на НБА за сезоната 2025/26 се најдоа Џелен Брансон од Њујорк, Џелен Браун од Бостон, Кевин Дурант од Хјустон, Каваи Ленард од ЛА Клиперс и Донован Мичел од Кливленд кавалирс.
Членови на третата најдобра петорка во НБА за оваа сезона се: Џамал Мареј од Денвер, Тајриз Макси од Филаделфија, Џелен Дурен од Детроит, Чет Холмгрем од Оклахома Сити и Џелен Џонсон од Атланта хоукс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
