Јокиќ и Мареј неизвесни за дербито со Оклахома

Следниот НБА предизвик за Денвер Нагетс е реванш дерби натпревар против Оклахома Сити Тандер, натпревар кој ќе биде одигран вечерва од 01:00 по полноќ, а постои голема извеност дека дел од него нема да бидат најдобарите кошаркари на тимот од Колорадо.

Никола Јокиќ и Џамал Мареј се под знак прашалник за настап на средбата. Србинот има проблем со десниот лакт и левниот скочен зглоб, додека Канаѓанецот има воспаление на левото колено.

Лидер на западната конференција, Окалхома славеше во последниот меѓусебен натпревар со 127-103.

Се вчитува...