Јокиќ и Вучевиќ се Ол-стар материјал, Дончиќ извиси

Центарот на Денвер, српскиот кошаркар, Никола Јокиќ ја доби довербата на НБА тренерите и се најде на листата резерви за Ол-стар викендот во Шарлот.

Во тимот на резервите од Западната конференција, Јокиќ кој има одлична сезона во тимот од Колорадо е во друштво на Расел Вестбрук, Ентони Дејвис, Демијан Лилард, Клеј томпсон, Ламаркус Олдриџ и Карл Ентони Таунс.

Во претходно објавените почетни петорки, лидер според бројот на глаови на Запад е Леброн Џејмс, а со него се и Кари, Харден, Џорџ и Дурант.

Црногорецот Никола Вучевиќ исто така доби шанса за место меѓу резервите. Според гласовите на тренерите тој е меѓу избраните од Источната конференција заедно со Кајл Лаури, Виктор Оладипо, Блејк Грифин, Крис Мидлтон, Бен Симонс и Бредли Бил.

Најмногу гласови на Исток доби Јанис Адетокумбо кој има капитенска позиција, а во првата петорка се и Ирвинг, Вокер, Ленард и Ембид.

Словенецот Лука Дончиќ иако котираше исклучително високо според бројот на гласовите од навивачите, во гласањето на медиумите и на играчите испадна од трката за првата петорка, а сега и тренерите не му дадоа шанса за место меѓу резервите. Тој сепак ќе настапи на Ол-стар викендот како дел од тимот Свет на натпреварот на „ѕвздите во подем“.

Според форматот за „викендот на сите ѕвезди“, капитените имаат право да си изберат тим од играчите што се на располагање без разлика на тоа од која конференција доаѓаат.

Се вчитува...