Никола Јокиќ е пример како се почитува репрезентацијата откако центарот пристигна прв на почетокот на подготовките на национаниот тим и ќе ги предводи нашите северни соседи на претстојните квалификациски средби за Мундобаскет 2027.
Тој беше избран и за нов капитен во ситуација кога Богдан Богдановиќ ќе паузира, а Јокиќ не крие дека мотив за следните предизвици на репрезентацијата наоѓа во – фијаското на Евробаскет 2025. Србите важеа за главни фаворити за златото, но шокантно беа елиминирани во осминафиналето од Финска.
„Искрено, се уште чувствувам грижа на совест поради тој неуспех што го имавме на ланското големо натпреварување. Не можам да дојдам дома, да се однесувам нормално, а да не се почувствувам, како да кажам, засрамено. Тоа само ми ја зголемува желбата да ја вратиме нашата кошарка онаму каде што и е местото“, истакна Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
