Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ја изедначија серијата против Денвер Нагетс на 1-1, бидејќи го добија вториот натпревар убедливо со 149:106. Откако во првиот меч видовме неизвесност, тројка во последната секунда за победа, во вториот дебакл на Нагетс.
Оклахома почна силно уште од самиот почеток, веќе во првиот дел имаа предност од +20 разлика, а првиот дел го завршија со дури 87 поени, што е рекорд во НБА. Рутински го задржаа водството до крајот. Најдобриот кошаркар на Денвер беше исклучен во вториот меч, односно го заврши мечот со шест прекршоци уште во третиот период. За 31 минута на паркетот, Србинот постигна 17 поени, додека само Расел Весбрук беше подобар од него со 17.
Шеј Гилус-Александер имаше 34 поени кај победничкиот тим. Дури осум кошаркари на Тандер завршија со двоцифрен број на поени.
Во еден миг на почетокот на последниот период Оклахома имаше предност од дури 48 поени разлика, на крајот Денвер успеа некако да ја намали на -43, што е еден од највисоките порази на Нагетси.
Во вториот меч одигран синоќа, Њујорк Никс направи огромна предност од 2-0 над Бостон, победувајќи со 91-90 во крајно неизвесен и драматичен меч. Интересно е тоа што Селтикс во третиот период во еден миг имаа предност од +20 (70-50), а на почетокот на четвртиот период и +16. Меѓутоа од 84-68, Никси се разбудија и направија неверојатна серија од 8-0, потоа уште еднаш серија од 15-0, со што преминаа во водство. Бостон имаше предност од 90-89, но потоа Никси реализираа две слободни фрлања за предност. Селтикс имаа напад за победа, останаа уште 12 секунди, но ја загубија топката, и Њујорк славеше победа.
Харт кај Никси беше најефикасен со 23 поени, Таунс го следеше со 21, додека кај Бостон Браун и Вајт со по 20 поени беа најефикасни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА