Јокиќ ја доби балканската пресметка со Дончиќ

Никола Јокиќ и Денввер нагетс излегоа како победници од пресметката со Лука Дончиќ и Далас маверикс, триумфирајќи со 126-118 за задржување на првото место во Западната конференција. Српскиот центар одигра импресивен натпревар реализирајќи 32 поени и 16 скокови, Мареј додаде 22 поени и 15 асистенции, за седма домашна победа во низа на тимот на Денвер. Во таборот на Далас најефикасен беше Барнс со 30 поени, а Дончиќ стигна до дабл-дабл од 23 поени и 12 скокови, премалку за да се изненади лидерот на „западот“.

Леброн Џејмс и ЛА лејкерс претрпеа неочекуван пораз на гостувањето против Бруклин нетс (115-110). „Кралот“ Џејмс беше одличен со 36 поени, 13 скокови и осум асистенции, Лонзо Бол стигна до 23 поени, Кузма до 22, но и тоа беше недоволно за да се триумфира на ова гостување.

Кливленд ја забележа само осмата победа сезонава откако поранешниот тим на Леброн триумфираше во Индијанаполис со минимални 91-92. Екипата на Кливленд настапи без тројца од петмината најдобри стрелци, Кевин Лав, Џордан Кларксон и Тристан Томпсон, губеше речиси цел натпревар, но потоа славеше со поените со звукот на сирената на Лери Ненс џуниор.

Резултати НБА:

Индијана – Кливленд 91-92, Атланта – Вашингтон 118-110, Бруклин – ЛА лејкерс 115-110, Денвер – Далас 126-118.

Се вчитува...