Јокиќ ја доби битката со Зајон, Харден остана во сенката на Вестбрук

Денвер славеше со 106-113 на гостувањето против Њу Орлеанс, во дуелот на првиот пик на драфтот, Зајон Вилијамсон, против Никола Јокиќ. Српскиот интернационалец ја доби пресметката со суперталентот, стигнувајќи до 27 поени, 12 скокови и седум асистенции. На спротивната страна, Вилијамсон на својот втор меч во НБА-лигата во кариерата одигра 21 минута, реализирајќи 15 поени и шест скокови, без ниту една асистенција.

Хјустон во интересен натпревар славеше на гостувањето против Минесота со 124-131. Расел Вестбрук беше незапирлив постигнувајќи 45 поени и 10 поени, ставајќи го во сенка Џејмс Харден, кој целосно потфрли реализирајќи само десет поени.

ЛА Клиперс стигна до победата на гостувањето против Мајами (117-122), пред се благодарение на Каваи Ленард, кој со 31 поен, 10 скокови и 10 асистенции стигна до првиот трипл-дабл во дресот на тимот од Лос Анџелес.

Резултати НБА:

Детроит – Мемфис 112-125, Орландо – Бостон 98-109, Њујорк – Торонто 112-118, Чикаго – Сакраменто 81-98, Мајами – ЛА Клиперс 117-122, Минесота – Хјустон 124-131, Њу Орлеанс – Денвер 106-113, Оклахома – Атланта 140-111, Сан Антонио – Феникс 99-103, Голден Стејт – Индијана 118-129.

Се вчитува...