Јокиќ ја предводи листата на најдобрите 25 играчи во историјата на АБА, на неа е и екс-македонски репрезентативец

На свечената вечер во чест на 25 години од постоењето на АБА-лигата која се одржа во салата Тиволи во Љубљана, беа објавени имињата на 25 најдобри кошаркари кои оставија белег во историјата на регионалното натпреварување.

Во изборот на најдобрите учествуваа добитниците на наградите за тренер и кошаркар на годината, претставниците на медиумите и навивачите.

Највеќе гласови доби ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, дури 94,3 отсто, а зад него се најде Дејан Милојевиќ со 92,3 отство, додека меѓу првите пет со највеќе гласови беа Богдан Богдановиќ, Никола Пековиќ и Дарио Шариќ.

На листата се најде и поранешниот македонски репрезентативец кој беше дел од историскиот успех на ЕП 2011 во Литванија и освоеното четврто место, Лестер Бо Мекејлеб. Мекејлеб во сезоната 2009/10 го носеше дресот на Партизан со кого триумфира во АБА-лигата.

На листата на 25-те најдобри играчи се наоѓаат и Горан Драгиќ, Никола Вучевиќ, Весели, Лаковиќ, Бојан Богдановиќ, Раѓа, Божиќ, Симон, Марко Поповиќ, Томиќ, Џенкинс, Кампацо, Теодосиќ, Кецман, Калиниќ, Ракочевиќ, Гордиќ, Мициќ и Бјелица.

Се вчитува...