Јокиќ ја преслуша Јута, Клиперс без Ленард поразен од Сакраменто (ВИДЕО)

Никола Јокиќ беше одличен во победата на неговиот Денвер над Јута од 106-100. Српскиот центар натпреварот го заврши со 28 поени, 10 скока и 4 асистенции, со што беше убедливо најдобриот поединец во таборот на Нагетс. Кај поразените одлична партија имаше Џордан Кларксон кој уфрли 37 поени, а Руди Гобер натпреварот го заврши со 21 поен и 11 скока.

Кошаркарите на Сакраменто Кингс го изненадија ЛА Клиперс откако нагости го добија со 103-124. Клиперс без услугите на Кавај Ленард не можеа да им се спротистават на Кингс и покрај тоа што на паркетот се врати втората ѕвезда на тимот Пол Џорџ. Одлична вечер имаше Де Арон Фокс кој натпреварот го заврши со 34 поени и 8 асистенции, додека Бади Хилд уфрли 19 поени. Кај поразените Лу Вилијамс имаше 22 поени, додека Херел мечот го заврши со 21 поен.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Кливленд – Торонто 109-115, Вашингтон – Шарлот 121-107, Атланта – Филаделфија 127-117 и Бостон – Голден Стејт 119-104.

Се вчитува...