Јокиќ: Јас јавав коњи кога Денвер последен пат славеше во Сан Антонио

Никола Јокиќ беше најзаслужен што Денвер триумфираше на гостувањето против Сан Антонио и израмни на 2-2 во плејоф серијата од Западната конференција. Србинот реализираше 29 поени, 11 скокови и 8 асистенции, носејќи му ја на својот тим првата победа во Сан Антонио по пауза од цели седум години.

Американските новинари по мечот беа насочени кон Јокиќ, меѓу другото и прашувајќи го што правел во 2012 година, кога Денвер последен пат се радувал во Сан Антонио.

„Не знам точно, најверојатно јавав коњи, на 17 години тоа ми беше омилена работа… Искрено, не знам каде бев, но знам дека ова ми е прва победа во оваа легендарна сала и можам да кажам дека чувството е извонредно. Се вративме во серијата, си ја вративме предноста на домашниот терен и сега треба да продолжиме во ист ритам за да стигнеме во полуфиналето од нашата конференција“ – изјави Јокиќ.

Се вчитува...