Јокиќ ќе го потпише најбогатиот договор во историјата, ќе има и специјална клаузула

Никола Јолиќ реши летово да не го потпише новиот договор со Денвер, а причините се исклучиво финансиски. Имено, според правилата на НБА-лигата максималниот договор што ќе биде потпишан во 2027 е за 80 милиони долари повисок од оној годинава, па јасно е зошто српскиот центар се реши уште малку да тактизира пред да го стави својот потпис за продолжување на соработката.

„Никола Јокиќ летото во 2027 ќе потпишее нов петгодишенн договор со Денвер нагетс, вреден 360 милиони долари. Тоа ќе биде најбогатиот договор во историјата на НБА-лигата“, обелодени американскиот новинар Кевин О’Конор.

Американските медиуми обелоденија и дека Србинот барал специјална клаузула – „анти-трејд“, со која клубот ќе биде спречен во иднина да го трејдува Јокиќ во клуб доколку не добие дозвола од самиот кошаркар.

„Никола не сака да му се повтори она што му се случи на Лука Дончиќ кога само беше известен дека е испратен во ЛА Лејкерс. Затоа ќе постои таа клаузула, со која управата на Денвер нема никаков проблем да биде вклучена во новиот договор“, пишуваат американските медиуми.

Се вчитува...