Јокиќ конечно на свој терен… На коњички трки во Сомбор (ВИДЕО)

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ вчера во попладневните часови слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, од каде се упати кон Сомбор, а како што претходно најави во изјави за странските медиуми – брза дома за да присуствува на коњички трки кои денеска се одржуваат во неговиот роден град.

По прославата на првиот шампионски прстен во историјата на Денвер Нагетс, парадата на улиците на главниот град на Колорадо и излегувањето во диско со соиграчите, Никола Јокиќ дојде во Србија со сопругата Наталија и ќерката Огњена.

На хиподромот во Сомбор се собраа голем број вљубеници во коњските спортови како и поддржувачи на Никола Јокиќ. Сите собрани го чекаа неговото пристигнување на хиподромот, а кога пристигна, беше поздравен со стоечки овации.

Се вчитува...