Јокиќ конечно се разбуди сезонава, Бостон триумфално со Бруклин… (ВИДЕО)

Никола Јокиќ конечно одговори со квалитетна партија сезонава во НБА лигата, и покрај тоа што истата не помогна неговиот Денвер да се спаси од пораз од Бостон од 108-95.

Српскиот центар постигна 30 поени, најмногу сезонава, со 10 скока и четири асистенции, две блокади и една украдена топка. Јокиќ претходно во 19 натпревари дури седум пати имаше само едноцифрен учинок.

Бостон до победата го водеа Џејсон Татум со 26 поени, Браун со 21 и Кемба Вокер со 19 поени. Бостон е втор на Истокот со скор од 16-5, а Денвер е трет на Западот со 14-6.

Бруклин славеше на гостински терен против Шарлот со 104-111 предводен од Џо Харис со 22 поени и пет асистенции. Кај Шарлот се издвои Девонте Греем со 29 поени, осум скока и три асистенции.

Се вчитува...