Јокиќ: Мислам дека ја играм најдобрата кошарка во мојата кариера

Никола Јокиќ и Шеј Гилџс-Александер цела сезона водат битка за МВП трофејот во НБА лигата, а во претходните 48 часа имаа две меѓусебни судири.

На првиот во Оклахома Сити, Канаѓанецот брилјираше со 40 поени во победата на Тандер, додека во реваншот 24 часа подоцна Србинот беше доминантен во победата на Нагетс.

„Ова ми е трета или четврта година по ред, па… Навистина, не знам, не можам да го контролирам. Ќе кажам дека мислам дека ја играм најдобрата кошарка во мојот живот, ако е доволно за МВП во ред е. Ако не, тогаш и Шеј го заслужува тоа. Тој е навистина неверојатен“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...