Јокиќ на емотивен начин се прости од Балашевиќ – Ѓоле ти благодарам што ми помогна да ја „измамам“ жена ми!

Балканот е шокиран од веста за смррта на еден од најголемите уметници од овие простори, Ѓорѓе Балашевиќ. Српскиот кантавтор вчера на 67-годишна возраст почина од коронавирус. Сите се простуваат од легендарниот Балашевиќ, а меѓу нив е и првата ѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ.

Тој по натпреварот со Кливленд Кавалирс на емотивен начин се прости од Балашевиќ и тоа токму на денот кога го славеше 26 роденден.

„Мораше ли баш на денешниот ден да почине Балашевиќ. Човек на кој сум му фан цел живот. Не стигнав да го запознаам лично и да му се заблагодарам што ми помогна да ја „измамам“ мојата жена, која тогаш не ми беше ништо, за потоа прво да ми стане девојка, а сега и жена. Голема загуба за сите кои го сакавме и почитувавме“, изјави Јокиќ. 

Се вчитува...