Јокиќ: НБА е циркус, а играчите се животните со кои сите сакаат да се сликаат

Никола Јокиќ со одличните игри во дресот на Денвер се промовираше во еден од најдобрите центри во светската кошарка, тој е голема „ѕвезда“ во НБА-лигата, но признава дека не се снаоѓа најдобриот со сиот тој публицитет. Сите случувања во и околу најсилната лига на светот се чудни за Србинот, кој се чувствува како „животно во циркус со кое сите сакаат да се сликаат“.

„Работите се поставени така – секој НБА тим ќе му овозможи на играчот да стане најдобар што може. Ќе му дадат нега, тренинг, доктори… ќе ти дадат се за на крајот на денот да не ги обвиниш дека не си успеал поради нив. За моите три-четири години во Денвер низ тимот минаа 20-30 кошаркари. Кога ќе погледнеш сето тоа е загрижувачко, доаѓаат нови таленти, тоа е големо шоу, циркус што тече и ако се случи да се повредиш, гледаш дека се можело и без тебе. Каде и да одиме, луѓето само приоѓаат за да се фотографираат со нас. Ние сме како животни во циркус со кои сите сакаат да се сликаат. Сето тоа ми е смешно бидејќи се губи свест за реалноста, се заборава дека ние сме играчи и единствена задача треба да ни биде да играме кошарка“ – изјави Јокиќ во интервју за „Спортклуб“.

Србинот сепак заборава дека токму тој „циркус“ во целокупниот круг на шоу-бизнисот врти многу пари, кои му овозможија да потпише нов договор со Денвер, со вкупна заработувачка од 147 милиони долари во следните пет сезони.

Се вчитува...