Јокиќ не престанал да плаче по елиминацијата од Портланд

Шпанскиот центар на Денвер нагетс, Хуанчо Ернангомес, има само пофални зборови за својот соиграч, Никола Јокиќ. Српскиот центар имаше незаборавна сезона, беше избран како стартер на олстар викендот и во идеалната петорка на НБА-лигата, но воедно и го претрпе најголемото разочарување во кариерата откако Денвер ја загуби мајсторката против Портланд во полуфиналето од Западната конференција.

„Никола Јокиќ е фантастичен играч и уште подобар човек. Јас сум секој ден со него и изненаден сум колку е тој скромна личност, некој што многу работи, минува предолго време во сала. Воедно, Јокиќ е и роден победник. Не можеше да се смири, да престане да плаче по оној пораз на мајсторката со Портланд. Тој играше одлично, имаше над 20 скокови, но кога мечот заврши се обвинуваше самиот за елиминацијата. Тоа е најдобар доказ колку Никола ја сака кошарката. Познавајќи го, убеден сум дека ова не е најдоброто од него, во следната сезона ќе биде уште подобар“ – изјави Ернангомес.

 

Се вчитува...