Јокиќ одговори на најважното прашање поврзано со неговата иднина во Денвер (ВИДЕО)

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, изјави дека идното лето ќе потпише нов договор со тимот од Колорадо. Центарот тоа го потврди на дружењето со медиумите пред почетокот на новата сезона во НБА лигата.

„Ќе потпишам идната година, ако ме сакаат“, одговори Јокиќ на прашањето за неговата иднина во Денвер.

Јокиќ и во минатото зборуваше дека сака да остане во Денвер до крајот на кариерата, а сега потврди кога ќе потпише нов договор кој ќе му донесе вистинско богатство.

 

 

 

Имено, доколку идната година потпише петгодишен договор со Денвер ќе заработи 359.5 милиони долари, што ќе претставува најголем договор во историјата на НБА-лигата.

Тој може и сега да потпише нова соработка со Денвер и за четиригодишен договор би инкасирал околу 278 милиони долари.

Разликата во потписот оваа и идната година изнесува околу 81.5 милиони долари со тоа што ако тоа го стори во 2027 година, тогаш би бил „верен“ на Денвер една година повеќе.

Се вчитува...