Американскиот кошаркар Џастин Холидеј наскоро би можел да ги напушти Денвер Нагетс. Џастин Холидеј е најстариот од тројцата НБА браќа (Џру од Бостон и Арон од Хјустон) и е во Денвер од 2023 година.
Во 2015 година ја освои шампионската титула со Голден Стејт Вориорс, а европската публика го памети и по неговите игри во дресот на унгарскиот Солнок во сезоната 2013/14.
Според американските новинари од Колорадо, Нагетс најверојатно нема да го продолжат договорот со Холидеј и тој ќе стане слободен агент. Реџи Џексон веќе ги напушти Нагетс, Кентавиус Колдвел Поуп е во преговори за нов договор, додека Деандре Џордан се верува дека ќе потпише нов минимален договор со Денвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА