По двата порази на домашен терен во полуфиналната плеј-оф серија од Западната конференција против Минесота, Денвер возврати со иста мера во „Таргет“ центарот. По триумфот во првиот натпревар Нагетс изминатата вечер забележаа нова победа која ја изедначи возбудливата серија на 2-2.
Очекувано најдобар кошаркар во редовите на Денвер беше Никола Јокиќ. Српскиот центар постигна 35 поени, 7 скокови и 7 асистенции па говореше и на пресконференцијата за медиуми каде направи споредба помеѓу првите два и вторите два натпревари и даде осврт за предизвикот кој следи.
„Мислам дека физикалноста е најголематма разлика во однос на првите два натпревари, им париратаа, може и да ги надминуваме во таа смисла. Играме попаметно. Мислам дека немаме толку загубени топки, не им даваме можност да трчаат и да постигнуваат лесни поени, одбраната ни е многу добра. Тоа е тоа, наверојатно“, изјави Јокиќ кој говореше и за петтиот натпревар надоврзувајќи се на прашање дали моментумот е на страната на Денвер.
„И да и не. Знаеме дека ништо не сме направиле. Знаеме дека петтиот натпревар ќе биде најтежок во нашите животи, така и ќе се подготвуваме. Дури и пред почетокот на серијата мислев дека ќе биде многу интересна. Во првите два натпревари не забрзаа, не ја игравме нашата игра, а сега го вративме својот ритам“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА