Јокиќ погоди кога беше најважно за Денвер (видео)

Никола Јокиќ беше во главна улога на дуелот меѓу Денвер и Сакраменто, на кој српскиот центар стигна до нов трипл-дабл, постигнувајќи 20 поени, 18 скокови и 11 асистенции.

Она што е најважно, Јокиќ ја презеде одговорноста во последниот напад, па по промашениот прв шут самиот стигна до офанзивен скок и ја смести топката низ обрачот на 0,3 секунди до крајот, за огромна радост на фановите во „Пепси Центар“.

Денвер со овој триумф остана на второто место во Западната конференција, зад шампионот Голден Стејт.

Се вчитува...