НБА сезоната за Никола Јокиќ заврши со пораз во „мајсторката“ кој го одлучи патникот во финалето на Западната конференција. Српскиот центар рано го заврши својот настап во плеј-офот па веднаш се постави прашањето дали ќе биде дел од својата репрезентација на престојниот Евробаскет кој започнува на крајот на месец август.
Јокиќ не е сигурен дали ова лето ќе настапи за својата репрезентација, но сигурен е што следи пред да донесе одлука.
„Морам да донесам одлука, ќе се игра Евробаскет. Морам да разговарам со тренерите и со важните играчи во тимот па ќе видиме. За сега, во напредните неколку денови ќе има многу пиво, веројатно“, изјави Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА