Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ го коментираше шокантниот трејд на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.
Да потсетиме, суперѕвездата на Далас беше испратена во Лејкерси во замена за искусниот центар Ентони Дејвис. Она што е особено интересно во целата приказна е дека трејдот се договарал во целосна тајност, а главните актери Дончиќ и Дејвис немале поим што им се подготвува.
„Се допишував со него, не очекуваше секако… Мислам дека сега мора да биде само со семејството, тоа е голем трансфер. Нашата професија е бизнис. Никој не го очекуваше тој, особено тој. Никој не е сигурен во оваа лига, но мислам дека ќе заврши добра работа, тој е играч за големата сцена, имаше нешто посебно во Далас, но…“, изјави Јокиќ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА