Денвер Нагетс предводен од Никола Јокиќ ја изедначи полуфиналната плеј-оф серија во Западната конференција на НБА лигата против Минесота триумфирајќи на двата натпревари на гостински терен за 2-2.
Српскиот центар изминатата вечер во победата од 107-115 постигна 35 поени, забележа и 7 скокови и 7 асистенции, а реализираше и потег кој долго ќе се врти по најавните шпици.
Имено, при крајот на втората четвртина Јокиќ транзицијата на својот тим ја заврши со, за него, ретко видено забивање, а ѕвездата на Минесота, Ентони Едвардс во страв се повлече пред Србинот и избегна „постер“.
NIKOLA 😳 pic.twitter.com/bGWXbwKLcA
— Denver Nuggets (@nuggets) May 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА